Ни стари дрва, ни нови цени

Bez autora
Aug 09 2012

Во „Македонски шуми“ велат дека кај нив дрвата се по стара цена, односно дабовото дрво може да се купи за 2.450 денари, а буковото за 2.350 денари, но граѓаните тврдат дека таму речиси и нема дрва. Нема дрва за огрев по складиштата. Откако струјата поскапе, приватните увозници престанаа да продаваат огревно дрво. До скоро тие се нудеа по цена од 3.100 денари за еден кубик бука и 3.300 денари за даб. Граѓаните се во паника и стравуваат дека ќе се повтори ланската приказна кога секоја наредна пратка беше поскапа од претходната. Дистрибутерите потврдуваат дека се чека нова цена, но стравуваат од помала потрошувачка поради нискиот стандард на граѓаните. Во „Македонски шуми“ велат дека кај нив дрвата се по стара цена, односно дабовото дрво ќе може да го купат за 2.450 денари, а буковото за 2.350 денари. За сметка на поевтиното дрво треба да си обезбедат превоз или да го платат по 70 денари од километар...

Ни стари дрва, ни нови цениВо „Македонски шуми“ велат дека кај нив дрвата се по стара цена, односно дабовото дрво може да се купи за 2.450 денари, а буковото за 2.350 денари, но граѓаните тврдат дека таму речиси и нема дрва.

Нема дрва за огрев по складиштата. Откако струјата поскапе, приватните увозници престанаа да продаваат огревно дрво. До скоро тие се нудеа по цена од 3.100 денари за еден кубик бука и 3.300 денари за даб. Граѓаните се во паника и стравуваат дека ќе се повтори ланската приказна кога секоја наредна пратка беше поскапа од претходната. Дистрибутерите потврдуваат дека се чека нова цена, но стравуваат од помала потрошувачка поради нискиот стандард на граѓаните. Во „Македонски шуми“ велат дека кај нив дрвата се по стара цена, односно дабовото дрво ќе може да го купат за 2.450 денари, а буковото за 2.350 денари. За сметка на поевтиното дрво треба да си обезбедат превоз или да го платат по 70 денари од километар. 

Приватните складови се посебна приказна. Нема единствена цена. Ако дрвото е увезено од Бугарија, цената е една, а ако е увезено од Србија таа е повисока. Зошто, не објаснуваат. Сопствениците на складовите велат дека во пазарна економија секој сам си ја одредува цената и дека на граѓаните е да одлучат од каде ќе купат дрва за греење.

- Увезувам од Бугарија и даб и бука. Цените се такви какви што се и ги формираме во однос на набавната цена. Во државава нема доволно дрва за огрев за сите што сакаат да купат. Домашните се можеби поевтини, но ги нема на пазарот, вели еден сопственик на склад во Kисела Вода. 

Во Министерството за земјоделство сметаат дека разликите во цени во приватните складишта е резултат на тоа што одредениот вишок огревно дрво во другите општини се купува од страна на трговците и се носи во поголемите урбани средини.

Граѓаните се во паника и велат дека со ова темпо на зголемување на цената до есен ќе биде невозможно да се купат дрва.

- Точно е дека во складиштата на ЈП „Македонски шуми“ цените се пониски, но таму речиси и да нема дрва. Ни рекоа дека во моментов ги снабдуваат фирмите и пензионерите кои однапред порачале дрва, вели Петар Цветковски од Скопје.

Од досегашните искуства се знае дека нема доволно огревно дрво во Kуманово, Kавадарци, Битола и во останатите поголеми средини. Тоа што се нуди е поскапо 500 денари за кубик во однос на лани. 

- Минатата година од Берово набавивме 40.000 кубни метри, од Kочани 30.000, а од Kрива Паланка 20.000. Годинава во Kрива Паланка не е исечен ни кубик. Недостига дабово дрво кое го набавуваме од Делчево и од Велес, а ланската цена од 2.000 денари сега е повисока за 70 отсто - вели дистрибутер на огревно дрво. Тој годинава увезува од Србија, но според него набавната цена ќе биде минимум 40 евра за просторен метар.

Во „Македонски шуми“ велат дека не може да им забранат на приватниците да увезуваат дрва ниту, пак, на приватните лица кои имаат дрва да ги продаваат на трговци. 

И годинава остана само желба најавата на јавното претпријатие во поголемите потрошувачки центри да воведе доработка на огревното дрво кое би било подготвено веднаш за употреба во ложишта за домаќинствата. Ова практично требаше да значи огревното дрво да биде исечено, исцепено и спакувано со различен волумен и како такво граѓанинот да може да го купи. Оваа практика веќе се применува во поголем дел од западноевропските држави.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik